Вчера во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија.
Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.
Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно
- Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС
- Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар
- Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце
- Филипче: Македонија не е на продажба
- ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски бега од соочување со советниците, наместо еднаш месечно, тој советничките прашања ги закажа за Нова година
- Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија
- (ВИДЕО) Петрушевски: Владата носи инвестиции од Вашингтон



