Априлскиот снег направи хаос во Хрватска- на некои места прогласен црвен метео аларм

Хрватска повторно е зафатена од снежна бура, поради што беа затворени сите патишта за камиони со приколки и трактори од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.

Како што јавуваат тамошните медиуми, поради орканот, сообраќајот на Јадранската магистрала беше затворен за сите возила, и тоа на потегот помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена.

За денес е најавен метеоролошки аларм за цела Хрватска, освен за истокот на земјата.

Жолт метеоролошки аларм е прогласен за поголем дел од земјата поради ветер, дожд, грмежи, а во централна Хрватска и на северот на земјата поради снег и мраз.

Издадено е портокалово предупредување за регионот на Риека и Кварнер, каде се очекува невреме со налети до 145 км на час.

Прогласено е највисоко, црвено ниво на предупредување за областа под Велебит каде се можни налети на бура до 150 км на час.

Ова е втор априлски снег кој создаде хаос во сообраќајот Хрватска.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега