Апелациониот суд му го врати пасошот на Димовски

Апелациониот суд донел одлука да ја уважи жалбата на пратеникот Илија Димовски и да му ја укине мерката на претпазливост, стои во шестмесечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство, објавен вчера.

„Постапувајќи по жалбата на обвинетиот Илија Димовски, Апелациониот суд на нејавна седница одржана на ден 19.10.2018 година донесе решение КСЖ-636/18 со кое жалбата на обвинетиот Илија Димовски изјавена лично, се уважува со што мерката претпазливост – привремено одземање на патна исправа се укинува, а на обвинетиот Илија Димовски му се враќаат одземените патни исправи“, соопштија од СЈО.

 

Димовски е обвинет во предметите „Титаник“ за изборни измами и „Талир“ каде е обвинет за кривично дело „перење пари“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2019 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега