Апелација ќе решава за жалбите на осудените за „Диво Насеље“

Апелација денеска и утре ќе донесе одлука по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво Насеље.

По жалбите на 33-та осудени денеска и утре ќе заседава второстепениот суд. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите, пренесе МКД.МК.

Инаку, македонските безбедносни сили се судрија со добро организирана терористичка група, во таа борба загинаа осум припадници на безбедносните сили, го дадоа својот живот за Македонија. Во престрелките животот го загубија Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ,  Горан Стојменовиќ  кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“, а 37  припадници на безбедносните сили беа повредени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега