Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациoниот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2“. Судија известител за предметот е Тања Милева.

Кривичниот суд на 8 март му определи притвор на Мијалков на барање на СЈО. Судечкиот совет на скопска единица го осуди Мијалков на казна затвор од 3 години. Казна затвор од 3 години и два месеца добија лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, кој беше осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци.

Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание. За Мијалков има жалба до Врховниот суд за укинување на мерката куќен притвор за предметот „Империја“ по начелното правно мислење на највисокиот суд, но судот сè уште донел одлука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега