Апасиев: Зелените ја плашат власта, СДСМ прави перверзија, а ВМРО-ДПМНЕ е колатерална штета

ОБСЕ вели шест месеци пред избори да не се чепка Изборниот законик, а во препораките се препорачува и праг од 1 отсто. Ова е перверзија која што ја прави СДСМ, не знам зошто тука влетува ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе биде како колатерална штета во случајов, бидејќи рафално ќе се пука и против неа, оти и таа е дел од договорот, изјави вечерва во Дневникот на ТВ Сител, Димитар Апасиев од Левица, а на прашање да ги коментира измените на Избониот законик со кои за поднесување на независни листи треба да се соберат потписи од два отсто од вкупниот број на избирачи.

Тој смета дека на овој начин, десеткратно ќе се зголеми бројот на потребни потписи за независни листи на кандидати за советници и градоначалници.

– Нашиот пратеник учествуваше на сите средби во Клубот на пратеници и вакво нешто не беше дискутирано. Беше разговарано за 3 отсто, но за 2 отсто не беше дискутирано. Мислам дека тука најголем страв е на СДСМ, бидејќи овие нови дечки кои се појавуваат како зелени им одземаат гласови. И мислам дека ова нема да помине без тензии – предупреди Апасиев.

27.07.2021 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега