Апасиев: Ми се закануваат по живот, СДСМ прави обид за купување на пет пратеници

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија, изјави дека според негови информации, СДСМ прави обид за купување на пет пратеници.

-Јас ги знам со име и презиме и детали. Тие се уценувани со станови во Скопје, а сумите се движат од 100 до 500 илјади евра, само да преминат во противничкиот табор. Сето ова е недозволиво во систем кој претендира да биде европски- соопшти Апасиев.

Лидерот на партијата „Левица“, Димитар Апасиев вели дека добил закани по живот за него и неговото семејство.

Апасиев обвини дека заканите доаѓаат од две структури, од кои едната, како што посочил самиот тој, е блиска до претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, односно до Агенцијата за разузнавање.

-Оваа закана доаѓа од еден пајташ од ИЕ 3. Јавно му порачувам дека не треба да ме бара, туку само уште еден збор да ми прати јас ќе го најдам за 24 часа. Кога нема систем да те штити должен си да се заштитиш– изјавил Апасиев.

Запрашан за неговиот постизборен статус на социјалната мрежа Фејсбук: „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, тој изјавил:

-Што напишав-напишав, нема потреба да се правдам, нека повели обвинителството- рече Апасиев.

Тој исто така порача дека не ги признава изборните резултати, бидејќи им биле украдени пратеници.

-Ова не беа избори, ова беше масакар. 10 милиони евра се истурија директно, 100 милиони евра наоколу. Опцијата беше да нема избори сред пандемија, час порано нели требаше да има избори, а после отидоа на одмор во Брајчино – истакна Апасиев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега