Апасиев: Добивам закани за мене и моето семејство

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и неговото семејство, откако ги напишал фејсбук статусите за кои во моментов има отворен предмет во Јавното обвинителство, пренесува А1ОН“.

Апасиев денеска пред Обвинителството изјави дека тој во неговите пораки до јавноста секогаш се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права и ќе продолжи тоа да го прави и понатаму, односно нема да престане со фејсбук статусите кои ја скандализираат јавноста.

Мерсиха Смаиловиќ и Тања Милевска преку Хелсиншкиот комитет се подносителите на пријавата против Апасиев.

Предметот во ОЈО се однесува на ширење расна и етничка нетрпеливост преку електронски систем.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега