Вечерва обзнанувам дека сме прва партија, дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев на вечерашната прес-конференција.

-По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде кадешто очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, курбан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете да си го гласате Мицкоски, рече Апасиев. 

Анализирајќи ги изборните резултати кажа дека 66% од неопределените граѓани не излегоа да гласаат.

-Тоа е многу неинтелигентно решение со ваков изборен модел. Или да објасниме пластично: Две третини од скопјаните не гласаа, една третина гласаа. Од тие една третина само една петина одлучија за сите нас. 20% „вмровци“ ќе ви ја стават чизмата во наредните четири години, рече Апасиев.

Exit mobile version