Антонијо Милошоски е хоспитализиран на Инфективната клиника

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица, Антонијо Милошоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, јавува „360 степени“.

Според порталот, тој е примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов е стабилна.

Пред 4 дена мајката на Милошоски, која е медицинска сестра, објави дека е позитивна на ковид-19, а тој посочи дека поради контакт со неа му е одредена изолација до 6 јули до кога треба да направи два теста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега