Aнтителата нагло исчезнуваат откако ќе се прележи коронавирусот

Нивото на антитела кај пациентите кои го прележале КОВИД-19 значително опаѓа два до три месеци по заразата и кај симптоматските и кај асимптоматските пациенти, покажува новата кинеска студија, што ги поттикнува прашањата за било каков имунитет на новиот коронавирус.

Истражувањето објавено во магазинот „Nature Medicine“ на 18 јуни укажува на ризиците од употребата на „имунитетски пасоши“ за коронавирусот и го поттикнува продолжувањето на јавно-здравствените мерки како социјалното дистанцирање и изолацијата на високоризични групи, изјавија истражувачите.

Здравствените власти на некои земји, како Германија, расправаат за етичноста и механизмите за одобрување на луѓетето кои имаат антитела послободно да се движат од оние кои ги немаат.

Истражувањето кое опфати 37 пациенти кои имале симптоми и 37 асимптоматични лица утврдило дека кај оние кои развиле igG антитела, еден од главните видови на антитела по инфекцијата, кај повеќе од 90 случаи дошло до нагло намалување во два до три месеци.

Притоа е воочено дека концентрацијата на IgG антителата и во акутната фаза на болеста и во фазата на раното закрепнување кај асимптоматските болни лица била значително помала отколку кај оние кои имале симптоми.

Антителата паднале под прагот на откривање кај 40 проценти од асимптоматските и кај 13 проценти од симптоматските болни лица.

Студијата ја спровеле истражувачи од Медицинскиот универзитет Чонгкинг, филијалата на кинескиот Центар за надзор и превенција од болести и други институции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега