Антикорупциската комисија испитува како Реџепи ги троши парите на верниците

Антикорупциската комисија по завршувањето на денешната седница нформира дека продолжува по нејзиното постапување по предмет оформен по пријава со наводни за сомневање за незаконски постапувања на Поглаварот на Исламската Верска Заедница, Сулејман Реџепи, пренесува „А1ОН„.

За Реџепи веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, бидејќи, според сознанија на луѓе во ИВЗ, а како што стои во пријавата, тој незаконски ги трошел парите на верниците. По истиот предмет сега постапува и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Освен ова, а во контекст на трошењето на парите на ИВЗ, пет години Исламската верска заедница немала поднесено финансиски извештај за своето работење до Управата за јавни приходи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега