Антикopyпциска бара да му се одземат канцелариите и на Црвенковски

Од Државната комисија за спречување на корупција вечерва испратија соопштение во кое појаснуваат дека бараат укинување на привилегиите, однос закуп на канцеларии на државна сметка и за двајцата поранешни претседатели, односно Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов.

Сакаме да ве известиме дека на денешната 22-ра седница на Државната комисија за спречување на корупција беше одлучувано по предмет отворен по сопствена иницијатива во врска со правата и привилегиите кои ги уживаат поранешни претседатели на државата. За потребите на јавноста сакаме да ве информираме и потенцираме дека денешните одлуки во врска со овој предмет се однесуваат на сите поранешни претседатели и барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели, велат од Антикopyпциска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега