Анти-ковид вакцината на „Модерна” нема да биде достапна до претседателските избори во САД

Американската биотехнолошка компанија „Модерна” нема да бара итна авторизација за својата вакцина против ковид-19 до претседателските избори во САД, изјави директорот, Стефан Бансел за „Фајненшл тајмс”.

 

– На 25 ноември ќе имаме доволно информации за итна авторизација, што потоа може да ја испратиме до Агенцијата за храна и лекови (ФДА), ако се претпопстави дека вакцината е безбедна, посочи Бансел.

Со тоа актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп нема да има готова вакцина пред изборите, што ќе се одржат на 3 ноември. Тој досега тврдеше дека вакцина против новиот коронавирус ќе биде готова до изборите. Поддршката за Трамп се намалува поради неговото управување со епидемијата.

Вакцината на „Модерна” е една од 11 експериментални вакцини против ковид-19 што се наоѓаат во финална фаза на испитување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега