Анкетите покажуваат убедлив пораз на Заев- криминалната влада на стаклени нозе

Зоран Заев е исплашен човек. Свесен дека владата му виси на конец, како давеник кој се фаќа за сламка дава предлози за широка влада, за спас на неговата политичка кариера, како и спас за најкриминалната влада, велат утринава преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на криминалецот Заев треба да му е јасно дека нема да се спаси од одговорност за сите штети кои и ги направи на Македонија.

„Народот се погласно се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ, тоа го покажуваат и последните анкети. Зоран Заев ќе доживее убедлив пораз.

Исплашен од нискиот рејтинг, Зоран Заев преку дворски игри заедно со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се меша во ВМРО-ДПМНЕ. Никакви иницијативи позади кои се потврди дека стои директно Заев, нема да му ја спасат владата која и така едвај функционира.

Свесен дека секојдневно расте револтот во сопствената партија како наближуваат изборите, Заев се обидува преку лично храбрење и храбрење на неговите најблиски соработници да купи уште некој ден плус за да целосно ја опустошат Македонија.

Треба да му биде јасно на Зоран Заев дека крајот на неговата политичка кариера му се ближи.

Никакви очајнички потези повеќе не му поминуваат, ќе одговара и Зоран Заев и кликата околу него, ќе лежите во затвор.“ стои во соопштемието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега