Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ и Коалицијата, објави Институтот БИПС кој објави телефонска анкета.

На прашањето „За која партија би гласале на изборите што ќе се одржат на 15 јули?“, 24,5 отсто од граѓаните рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 21,4 проценти за СДСМ.

Потоа следуваат ДУИ со 4,1 отсто, Алијанса за Албанците со 3 проценти, Левица и ДПА со 1, односно 0,6 отсто. 23,9 проценти од граѓаните се изјасниле дека нема да гласаат на претстојните превремени парламентарни избори.

Доколку се видат податоците според Изборните единици, во „кецот“, најмногу доверба ужива носителката на кандидатската листа на опозицијата, Гордана Силјановска-Давкова, 25,9 отсто, а потоа следува Никола Димитров со 21,7 проценти.

Потоа следува Изет Меити од ДУИ со 4, Скендер Реџепи Зејд од АА со 3,7, Димитар Апасиев од Левица со 3 и Нументула Демири од ДПА со 2,8 проценти.

Во ИЕ 2, Владо Мисајловски ужива доверба кај 21,9 отсто од гласачите, а актуелниот технички премиер, Оливер Спасовски кај 18,2 проценти.

Арбр Адеми и неговата листа ќе ја поддржат 4,9 отсто, на Африм Гаши 4,6 проценти. Левица и ДПА во „двојката“ уживаат многу помала доверба отколку во ЕИ1. Па така, за Левица би гласале 0,4 отсто, а за ДПА 0,3 проценти од гласачите.

Во Изборната единица 3 за кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Игор Јанушев би гласале 29,3 отсто од гласачите, додека за неговиот опонент од власта, Љупчо Николовски 22,6 проценти.

Следуваат Беким Незири со 0,5 отсто и Борислав Крмов од Левица со 0,1 процент.

Анкетата на БИПС покажува предност на ВМРО-ДПМНЕ и во ИЕ 4. Тука Александар Николовски е во предност пред лидерот на СДСМ, Зоран Заев. За ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 25,8 отсто, а за СДСМ 23,7 проценти од гласачите.

Според анкетата, за Сеад Зејнел од ДУИ би гласале 0,3 отсто, додека за Бранко Ристов од Левица 0,2 проценти.

Во ИЕ 5 анкетата повторно бележи предност на ВМРО-ДПМНЕ. Носителот на кандидатската листа на опозицијата, Игор Дурловски ужива доверба кај 24 отсто од гласачите, додека Радмила Шекеринска од СДСМ кај 19,2 проценти.

Следуваат Талат Џафери од ДУИ со 3,9, Сурија Рашиди од АА со 3,4, Васфи Доко од ДПА со 0,2 и Јована Мојсоска од Левица со 0,1 процент.

Како и секогаш ИЕ 6 е најразнолика. Според анкетата на БИП, Али Ахмети има најголема доверба. За него би гласале 17,5 отсто од гласачите. Потоа следува Билал Касами од коалицијата СДСМ – Беса со 16,6 проценти.

За Дафина Стојаноска, која ја предводи листата на ВМРО-ДПМНЕ би гласале 13,9 отсто од гласачите. За Зијадин Села од АА 11,6 проценти, а за Мендух Тачи од ДПА 2,6 отсто од гласачите.

Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи) кој се занимава со анализи и истражувањаза сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 - 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа