Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност над СДСМ на следните избори

ВМРО-ДПМНЕ ќе има двојна предност на следните избори од СДСМ. Ова го покажува анкетата спроведена од страна на агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведена на целата популација, на поточно 1.014 испитаници.

При спроведената теренска анкета, граѓаните се изјасниле дека доколку на следните избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, 19.7% од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ 9.5% од испитаниците. 

За ДУИ би гласале 6.2%, за политичката партија Левица 5.9%, а пак за Алијансата на Албанците 2.8%. 

22.% проценти од граѓаните не одлучиле за кого би гласале доколку на следните изброи би се кандидирале само партии, а не коалиции, а 17% од испитаниците одбиле да одговорат на ова прашање.

12.2%  не би гласале за ниту една партија.

Поголама прегледност на резултатите од анкетата:

• ВМРО-ДПМНЕ 19.7%
• СДСМ  9.5%
• ДУИ 6.2%
• Левица 5.9%
• Алијанса за Албанците 2.8%
• Други 4.2%
• Неодлучиле 22.5%
• Одбиле да одговорат 17%
• Не би гласале 12.2%.

Инаку, ова е теренска анкета спроведена од агенцијата ИПСОС, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

06.08.2022 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега