Анкета: Најголеми проблеми се корупцијата, криминалот и судството – државата оди во погрешна насока

Најголемиот проблем на македонскиот граѓанин е корупцијата. Ова го покажува најновото истражување на порталот МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спровела агенцијата „Маркет вижн“.

Само 10 отсто од испитаниците сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, за македонските граѓани најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност, 2/3 од испитаниците не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата, евроскептицизмот е во пораст… Ова се дел од резултатите на најновото истражување на МКД.мк

Мал дел од испитаниците, само 10% сметаат дека земјата се движи во позитивна насока.

Половина или 51,1% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност.

Подобрување на животниот стандард очекуваат само 20% од испитаниците, додека речиси ист процент (19,3%) очекуваат сегашниот премиер до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата, наспроти две третини од испитаниците кои не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата.

Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале 21,4% од испитаниците.

 

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА МКД.МК

27.02.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега