Анкета на Рејтинг: Пендаровски во благо водство пред Силјановска

На претстојните претседателски избори, за Стево Пендаровски ќе гласаат 38,3, за Гордана Силјановска – Давкова ќе гласаат 33,2, а за Блерим Река ќе гласаат 12,6 отсто од граѓаните кои ќе излезат на гласање, покажува испитувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Рејтинг во периодот од 8 до 14 април врз примерок од 1.112 испитаници, според методот лице во лице.

39,3 од испитаниците рекле дека ќе победи Пендаровски, 26,5 истакнале дека ќе победи Силјановска – Давкова, 6,3 сметаат дека ќе победи Река, додека 27,3 се уште не знаат.

 

Поврзано со изборните кампањи на кандидатите, пак, околу 31 проценти од испитаниците рекле дека Пендаровски води најпозитивна и најдобра кампања, околу 27 проценти рекле дека Силјановска – Давкова води најпозитивна и најдобра кампања, околу 10 отсто од нив се изјасниле во корист на Река, додека останатите не се изјасниле за ниту еден од кандидатите или се уште не формирале мислење и став.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега