Анкета: Една третина од граѓаните смета дека дишеме уште полош воздух од лани

 

Третина од граѓаните се на став дека годинава дишеме уште полош воздух од лани, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 32,3% од анкетираните велат дека споредено со минатата година квалитетот на воздухот во нивното населено место се влошува.
51,7% велат дека нема некоја промена а 10% се на став дека оваа година дишат поквалитетен воздух од лани.
Според граѓаните, доколку Македонија стане членка на Европската Унија справувањето со загадувањето ќе биде полесно. Ваков став дела 37,6% од анкетираните.
27% од граѓаните сметаат дека нема да има некоја разлика додека 17,5% се на став дека справувањето со загадениот воздух ќе биде потешко.
Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари годинава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега