Англиско финале: Челзи го елиминираше Реал Мадрид

Челси со 2-0 го победи Реал Мадрид и со вкупни 3-1 се пласираше во финалето од Лигата на шампиони.

Тимот на Томас Тухел доминираше на Стемфорд Бриџ и можеше да слави и многу поубедлива победа на реванш мечот во Лондон.

 
Челси ја имаше апсолутната доминација, создаде многу шанси за гол, а искористи две. Резултатот беше отворен во 28. минута кога Вернер искористи една одбиена топка и лесно со глава ја смести во празната мрежа за водство на Челси од 1-0.
 
Следуваа повеќе зицери на Челси, имаа и статива и неколку можности еден на еден. Се беше отворено до 85. минута кога по асистенција од Пулишиќ, Маунт ги постави конечните 2-0 и ги реши сите дилеми околу победникот.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа