Анѓушев: Швајцарска компанија ќе инвестира во Македонија

 

Во државата за овие десет месеци биле влезени десет нови инвестиции со нула денари за маркетинг, велат во соопштение од Владата.

 

Од таму додаваат дека во изминатите десет години претходната власт потрошила 225 милиони евра за само 23 компании, а половина од тие средства биле за роуд шоуа, реклами и промоции.

– Последната е реномираната швајцарска компанија Баумер која дојде во Македонија за само 3 месеци. Разликата е што ние ги донесовме со нула денари за маркетинг. Ве охрабрувам да го следите процесот, ќе има уште осумнаесет нови инвестиции во следниот период – вели вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека успех на оваа Влада е тоа што за само 3 месеци од почеток на преговорите преку транспарентите мерки од Планот за економски раст инвеститорите се одлучуваат да инвестираат во земјава, за разлика од порано, кога им биле потребни 3 години.

На една од последните седници, Владата ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината, со Нацрт – договор за долготраен закуп за компанијата „Баумер ДООЕЛ Скопје“, чија матична компанија е „Баумер Холдинг АГ“ од Швајцарија.

 

 

 

15.04.2018 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа