Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра, минималната плата мора да расте

Ние како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати. посочи вицепремиерот Кочо Анѓушев вечерва во „Топ тема“ на „Телма“.

„Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори. Засега се уште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решение и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семјество не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории“ изјави Анѓушев.

Минималната плата е на ниско ниво – констатираше пак Претседателката на СКМ, Данела Арсовска. Но сепак посочи дека во време кога се спроведуваат мини даночни реформи, ново зголемување може да направи дисторзија на пазарот на труд

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега