Анѓушев: Бизнис дипломатијата претставува битен елемент за воспоставување на одржлив економскиот раст и разво

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев учестувуваше на Панел дискусија на тема „ Бизнис и дипломатија“, организирана од Меѓународен балкански универзитет.

 Пред студентите  и присустните на Универзитетот, за пристапот на Владата кон странските инвестиции, Вицепремиерот  истакна дека  бизнис дипломатијата е значаен канал и претставува битен елемент кон целокупниот модел за  воспоставување на одржлив економскиот раст и  развој.

„Нашата дипломатија пред сè треба да биде ориентирана кон бизнисот. Ќе ги разгледаме сите аспекти во тој дел бидејќи нашата економија мора да биде отворена, како и што е случај со секоја мала земја.  Ако зборуваме пред сè за индустрија, таа мора да биде извозно ориентирана и тука мислам дека бизнис дипломатијата треба да си го заземе своето место“. изјави Анѓушев,

Вицепремиерот нагласи дека во Северна Македонија постои сериозен простор за напредок и за подобрување во овој сегмент, како и дека е значајно токму овој тип на  панел дискусии каде младите луѓе имаат можност да дебатираат, да се слушне нивното мислење, особено затоа што има што да се научи и од нив.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега