Ангеловски: Ова е убава победа, но се уште ништо не сме направиле

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од денешната голема победа против Словенија, но вели дека фокусот веднаш треба да се пренасочи кон следните противници. 

 

На почетокот од прес конференцијата селекторот Ангеловски им се обрати на фудбалерите, пренесува МКД.мк.

„Секоја чест дечки, јас зборував дека е задоволство да се работи со вас, благодарност и за публиката која дојде во голем број. И покрај сите проблеми кои ги имавме овие фудбалери изгинаа на теренот, играа еден за друг, заедно сме и кога победуваме и кога губиме. Оваа победа е убава, но се уште ништо не сме направиле. Следниот натпревар го играме кај фаворитот Полска и сега треба да се фокусираме на него“, кажа Ангеловски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега