Ангеловски: Ни го оспоруваат Александар Велики, но Горан Велики не можат да ни го оспорат

Македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски ја одведе Македонија до историски успех, а по натпреварот имаше само благодарност за своите играчи.

-Благодарен сум му на секој фудбалер, ја оправдаа мојата доверба до крај и ми потврдија дека сум ги донел вистинските одлуки. Благодарност и до Барди и другите момци кои денеска не можеа да ни помогнат, тие исто така имаат големи заслуги за нашиот успех.  Ние имаме еден Александар Велики што ни го оспоруваат, ама Горан Велики не можат да ни го оспорат,  порача Ангеловски на прес-конференцијата по историската победа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега