Ангеловски: Нема пензија за Пандев ниту по ЕП- ќе ни треба за Светското првенство 2022

По историската победа на Македонија со Грузија синоќа и пласман на ЕП наредната година, капитенот Горан Пандев само уште еднаш најави дека тоа за него би бил извонреден крај на кариерата.

„Секако и претходно кажав дека настапот на Европското првенство во јуни 2021 би бил извонреден крај на кариерата. Дали можев да очекувам нешто подобро на мои 38 години. Остварување на сонот“ – ни коментираше Горан Пандев по синоќешниот натпревар во Тбилиси, а во друштво и на селекторот Игор Ангеловски.

Но, овие негови зборови не останаа незабележани од македонскиот селектор, кој низ шега дополни:

„Нема пензија за Горан ниту по Европското првенство. Најпрво мора да одиме на Светското првенство 2022 во Катар, па потоа може да размислиме да го ослободиме“ рече Ангеловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега