Ангеловска: Уште овој месец административците ќе добијат поголеми плати за 5 проценти

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска беше дел од конференцијата на „Erste Investors Breakfast“, при што најави дека вработените во јавната администрација веќе од овој месец ќе земат поголеми плати, пренесе „Слободен печат“.


– Да ќе има зголемување на платите. Законот ќе помине по скратена постапка денеска и во законскиот рок, административците не само што ќе ги добијат платите, тие ќе бидат поголеми за 5 проценти – изјави Ангеловска.

Денеска по скратена постапка ќе биде донесен Законот, по што се очекува институциите брзо да реагираат и вработените во јавната администрација во законски предвидениот рок, најдоцна до 15-ти овој месец ќе добијат плати поголеми за пет посто.

Ангеловска потенцираше дека досега административците добија трипати зголемување на платите и дека јавната администрација е клучна за спроведување на понатамошните потребни реформи.

На прашањето од новинарите зошто досега се чекало да се донесе овој Закон и дека овие пари биле и претходно проектирани во Буџетот за оваа година, таа одговори.

– Средствата ќе бидат исплатени навремено, знаете дека секогаш се работи за административни технички процедури, но за жал некогаш се случува тие да доцнат по неколку дена, но важно е дека ќе бидат реализирани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега