Ангеловска: Околу 305 илјади граѓани користат домашна платежна картичка- повеќето од нив парите ги трошеле во маркети

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, преку фејсбук објави дека околу 305 илјади граѓани ја користат домашната платежна картичка. 

Заклучно 1 август доделени се картички во вредност од 26,7 милиони евра, од кои корисниците до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра. 

„Ова се средства кои се вбризгани во домашната економија преку купување македонски производи и услуги“, вели Ангеловска

Со картичките реализирани се над 1,7 милиони транскации. Најголем дел од нив се во маркети, и тоа 89 отсто, ресторани и храна, 5 отсто, и текстил, облека, обувки, само три отсто.

„Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата: ја поддржува приватната потрошувачка, ги поддржува домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност и придонесува за безготовинско плаќање“, пишува Ангеловска. 

Дополни и дека граѓаните-корисници кои ја немаат подигнато својата картичка, можат се уште да го направат тоа до 15 август - кој е крајниот рок за нивно користење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега