Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека Македонија годинава влегува значително поподготвена во сезоната на пожари. Според неговите најави, до јуни државата ќе располага со три функционални „ер-трактори“ и пет обучени пилоти.

„Во овој момент еден авион е функционален, додека другите два се на сервис во Загреб и очекуваме да бидат вратени најдоцна во мај. Истовремено работиме и на обезбедување дополнителен број пилоти“, изјави Ангелов пред почетокот на меѓународната конференција за проектот „Forest Fire Struga-FFS“.

Покрај воздушната поддршка, Ангелов истакна дека на располагање се и 43 специјални возила, вклучувајќи 23 „пицгауери“, 15 БТР-80 со водни топови и пет „хермелини“. Тој нагласи дека земјата научила многу од минатите искуства и дека регионалната соработка со Грција, Албанија и Бугарија е клучна, бидејќи шумските пожари не познаваат граници.

Exit mobile version