Ангелов: ЦУК вчера машки изработи на терен - наша работа е да спасуваме човечки животи

Огнот е добар слуга, но лош господар. Тоа е мајката природа. Горд сум за вчера дека никој не загина. Денев во 9 часот седница одржа групата за процена. По разгледување на состојбата, одлучивме дека нема потреба од прогласување на кризна состојба и ако се влоши состојбата ќе побараме да се прогласи кризна состојба онаму каде има пожар. Оваа одлука ја донесовме бидејќи врховниот командант, Стево Пендаровски даде наредба за употреба на армијата, и тоа на копнените сили, не само на воздухопловниот винг. Сега можеме да ги користиме сите расположливи ресурси на армијата. Ќе го искоментирам и вчерашниот настан во Кочани, бидејќи од одредени центри вчера се појавија намерни дезинформации дека пожарот во Кочани не бил изгаснат и пак се разгорел. Тоа е ноторна лага. Вчера во Кочани се појави нов пожар, а најверојатно е спој меѓу жици на далноводи и се ширелбавно, а попладне се појави силен ветер и почнал да го шири пожарот. Сувата вегетација придонела тој да се рашири брзо и во неколку различни правци, кажа на денешната прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денес

Тој истакна дека вчера бил слободен и приватно возило заминал во Крушево, но од таму не можел да предвидам дека ќе се појави пожар.

„Еве сега додека држам прес-конференција некаде може ќе се појави пожар. Значи ли тоа дека не треба да имам прес-конференција? Вчера имавме 14 активни пожари и како можам јас да ги менаџирам сите тие пожари. Мојата екипа од ЦУК вчера машки изработи на терен. Оние кои велат дека не сум презел ништо очигледно е дека не гледаат вести, бидејќи јас вчера бев гостин на неколку вести во живот. Хеликоптерот околу пладне направи пауза, и цела јавност треба да знае дека небезбедно е да лета хеликоптер на 37 степени. Па зарем треба да се ризикуваат животите на пилотите? Се нека изгори, нека бидат живи и здрави луѓето. Дрвјата пак ќе се вратат, а загубените човечки животи, не. Пред неколку дена хеликоптерот прегреа и беше ризик за животите на посадата, мораше леталото да се крене на висина за да се излади. Хеликоптерот кога требаше да замине од Куманово за Кочани немаше гориво. Горд сум бидејќи ние како држава и ЦУК спасивме вчера човечки животи. Луѓе вчера можеа да умрат", вели Ангелов.

03.08.2021 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега