Ангела Меркел ќе ги казнува „непослушните“ покраини

Откако неколку германски покраини не ги спроведоа договорените мерки против ширењето на третиот бран на коронавирусот, владата во Берлин ќе побара од Бундестагот да му даде привремени овластувања, за да може да спроведе заклучување низ целата земја.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел се залага за итни измени на законот за заштита од инфекција, со цел да и се даде на федералната влада поголеми овластувања за воведување мерки во одредени ситуации, пренесува Ројтерс.

Новиот закон, што ќе овозможи поголеми федерални овластувања, вклучително и воведување полициски час од 21 до 5 часот наутро, ќе се применува во ситуации кога бројот на заразени на 100.000 жители, три дена по ред, надминува 100.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега