Анестезиолог објасни дали можело да им се помогне на младите во Посушје

Труењето со јаглерод моноксид честопати може да биде фатално, што за жал беше потврдено со последниот случај на труење на млади луѓе кај Посушје. Осум млади луѓе подлегнаа на последиците од труење додека ја чекаа Новата година, во викенд куќата на еден од починатите во Трибистово.

Дали овие млади луѓе можеше да бидат спасени, дали можеа да преживеат и што требаше да се стори во медицинскиот контекст доколку некој дојдеше пред вратата на викенд куќата каде што се одржа прославата, даде одговор анестезиологот, д-р Ненад Карановиќ за „Слободна Далмација“.

„Ако некој „налетеше“ во првите моменти, кога бензинот започна да ги труе овие млади луѓе и да ги изнесеше надвор, нивниот живот ќе можеше да се спаси на чист воздух, само ако некој ги отвореше прозорците за да ја проветри просторијата во која престојуваа. Целата трагична приказна немаше да биде вака. Медиумите пишуваат дека прозорецот бил отворен, но секако не бил доволно отворен за потребната количина на воздух да влезе во контаминираната просторија за да го “исчисти” јаглерод моноксидот”, објасни анестезиологот за „Слободна Далмација“.

Тој додава дека наместо кислород, крвта зела јаглерод моноксид и поради тоа мозокот останал без кислород, и како резултат на тоа се случила смрт.

„Тешко е да се каже колку време требало да се случи смртта. Тоа е индивидуално прашање, и зависи од здравјето на личноста, возраста… Смртта не им се случува на сите истовремено. Кај постарите и болните, смртта поради труење со јаглерод моноксид ќе се случи порано“, вели Карановиќ.

Ако некој влезел во таа куќа кога штотуку почнале да „заспиваат“ од јаглерод моноксидот и сите ги изваделе на чист воздух или само да ги отвореле прозорците, тие деца најверојатно ќе беа живи, додава Карановиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2021 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега