Проблемот со водата за пиење во Гостивар е резултат на децениска негрижа на локалните власти и со години биле криени извештаи за нејзината неисправност, изјави денеска претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски.

Според Андоновски, опозицијата нема право да морализира и да политизира за состојбата, бидејќи локалните кадри и поддржаниот градоначалник не преземале мерки за решавање на проблемот.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Владата во брз рок реагирала со обезбедување техничка и флаширана вода за жителите на Гостивар и бараат Јавното обвинителство да го истражи претходниот молк на институциите.

„Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот. ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите“, истакна Андоновски на прес-конференцијата.

Exit mobile version