Вкупно 95 државни институции веќе се поврзани преку Платформата за интероперабилност, информираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Според неговите податоци, во јули се забележани 3,5 милиони трансакции, што претставува зголемување за 130 отсто во споредба со истиот период минатата година.

-Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на шалтер – посочува Андоновски на објавата на Фејсбук.

Министерот истакнува дека главната цел не е само техничкото поврзување меѓу институциите, туку крајните корисници да ја почувствуваат практичната разлика во секојдневието.

Помалку документи. Помалку чекање. Помалку бирократија. Тоа е дигитализацијата што сакам да ја изградиме: државата да ја завршува работата зад системот, а граѓанинот да ја добие услугата – нагласува министерот Андоновски.

Exit mobile version