Андоновски: Незаконски вработувања во училиште во општина Чашка

На гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски истакна дека Владата воспоставила систем во кој се вработува за да се задоволат исклучиво партиските барања, без внимание за нивните компетенции. Институциите добиле обврска да ги одобрат плановите за вработување без разлика на финансиските импликации и реални потреби за вработување на луѓето кои имаат договор на определено време, наместо секое работно место да биде отворено за секој кандидат.

„Владата во Ноември одлучува дека ќе им наложи со заклучок на сите државни институции, во рок од 7 дена државните институции кои што даваат согласност за вработување наместо во рокот од 30 дена да дадат исклучиво позитивно мислење за вработување трајно вработување на луѓе кои што биле претходно вработени привремено. Со заклучок на Влада кој што оди во спротивност со законот, бидејќи законот бара вработување врз основа на мерит систем, на отворен повик и квалтиет“ , истакна Андоновски.

Во случајот со училиштето Тодор Јанев во Чашка, секретарот спротивно на закон добива категоризација Г4, иако највисока дозволена е Г2, само за да добие поголема плата. Иако не бил испочитуван законот, МИОА дало согласност, свесни дека законот се прекршува. На оваа систематизација МИОА дало согласност, иако не бил испочитуван законот. Министрите свесно го прекршувале законот, јасен индикатор е што на сите предмети нема потпис од лицето кое го изработило предметот. Тоа значи дека административниот службеник укажал на незаконитоста и подготвувал негативно мислење, додека од страна на кабинетите се подготвувале и доставувале позитивни мислења, потенцира Андоновски.

„Ваков пример е училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка каде што имаше протести поради незаконско постапување на директорот, во кој што незаконски се утврдува категоризација Г4, која што е недозволено за секретар на училиштето. За да може да се вработи секретарот и да добие повисока плата“, објаснува Андоновски. Андоновски повика веднаш да постапат институциите, а градоначалникот да ја поништи систематизацијата во училиштето и да побара одговорност.

27.02.2024 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега