Андоновски: „Козле" може да згрижи околу 50 возрасни пациенти

Болничките кревети во инфективната клиника се полни, а пациенти се сместуваат во модуларната болница. Откако и таму ќе нема слободно место, болните ќе се праќаат во Институтот за белодробни заболувања „Козле".

Директорот на болницата Д-р Анѓелчо Андоновски, кој е и член на Комисијата за заразни болести, за Канал 5 вели дека се подготвени за ова, иако и во моментот згрижуваат возрасни пациенти, родители на кои им треба хоспитализација, заедно со нивните деца. Тој не смета дека треба да се воведе полициски час, а моменталната состојба со коронавирусот ја оценува како „трета светска војна", но здравствена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега