Структурните реформи со кои Филипче и СДС сугерираа нивен нов почеток, на повидок никаде ги нема и покрај фактот што Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата и петта на ниво на Градот Скопје, рече на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно е дека со ваквото однесување СДС навлегува во се подлабoка политичка криза. Безидејноста и дезориентираноста кај СДС е очигледна и дополнително ги поткопува нејзините веќе разнишани темели, вели Андоновска.
„Крајно време е СДС да се реформира. Оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака и понатаму политички да егзистира.
Во СДС има чесни и трудољубиви активисти, но не можат да дојдат до израз поради Филипче, неговиот ментор Заев и политиките што ги водат со кои го доведоа СДС во овој стадиум.
Македонскиот политички систем има потреба од опозиција со интегритет и визија, затоа СДС мора конечно да се ослободи од прангите на Филипче и Заев“, посочи Андоновска.
Актуелно
- Жерновски: Мицкоски најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – САД нема да им даваат визи
- Хаос на летот од Истанбул: Авион итно приземјен во Барселона поради закана за бомба
- Малолетни „дрвокрадци“ заработија кривични – со „застава“ се обиделе да прегазат полицајци
- Голема полициска акција во тек – се апсат осомничени за милионска даночна измама
- Спречени серија кражби: Кумановец падна во рацете на полицијата со 28 универзални клучеви за отворање брави
- (ВИДЕО) Терапевт на четири нозе: Лабрадорот Роџер стана нов „колега“ на Клиниката за психијатрија
- Тешка сообраќајка во Скопје: 16-годишник со „голф“ прегази пешак
- (ВИДЕО) Нов лик на влезот во Скопје: Осветлени натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“

