Водата за пиење во Скопје е здравствено исправна и ги задоволува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат најновите резултати од лабораториските испитувања на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од 19 до 22 октомври 2026 година, екипите на Секторот за санитарна контрола зеле 159 примероци за физичко-хемиска и дополнителни 159 примероци за микробиолошка анализа.

Испитувањата биле спроведени на 44 мерни места низ Скопје, со цел да се утврдат квалитетот и безбедноста на водата што ја користат граѓаните.

Exit mobile version