Анализите на крв покажале дека вирусот во Италија бил присутен пред фебруари

Анализата на  Поликлиниката во Милана потврдила дека вирусот во Италија циркулирал пред 21 февруари, кога е утврден првиот официјален случај во Кодоња, пишува италијанскиот весник  Кориере дела сера. Истражувањето, кое опфатило 800 дарители на крв, објавено на интернет страницата “medRxiv” покаќува дека на почетокот на епидемијата 4.6 дарители на крв веќе имало антитела на вирусот Ковид-19, а тој процент пораснал на почетокот на април за 7,1 процент.

Студијата ја смислиле и спровеле експерти на Оделението за трансфузиологија на Поликлиниката во Милано во соработка со Универзитетот во Милано и уште неколку истражувачи од здравствени установи  во главниот град на Ломбардија, најтешко погодениот регион од вирусот во Италија. Се истакнува дека се користени сочуваните примероци на крв, за да се утврди присуството на антитела, а не затоа што вирусот се пренесува преку крв.


Кориере дела сера  пишува дек со истражувањето е утврдено  дека најпрво се заразиле младите, а дека неодамнешните случаи се поврзани повеќе со постарите луѓе.

Италија  брои над 32.000 починати како последица на вирусот Ковид- 19 и по број на жртви  е трета  во светот од почетокот на кризата  после САД и Велика Британија. Вирусот во Италија предизвика најдолга блокада во Европа од која по повеќе од два месеци земјата полека излегува, соочувајки се со тешки економски последици

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега