Анализа:Дали со масовното тестирање на учениците, се намалува трансмисијата на вирусот во училиштата?

Последните податоци на Националната организација за јавно здравје на Грција покажуваат дека бројот на позитивни ученици во училиштата драстично се намалувал.

Поточно, седмично во просек, во Грција, во месец јули имало 4.324 случаи на Ковид-19, кај деца од 4 до 18 години. Во месец август неделно биле регистрирани 4.738 нови случаи кај децата, а статистиката од првата недела од почетокот на учебната година покажала дека има 3.559 заразени деца.

Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому изјави дека отворањето на училиштата, зголемениот број на тестови во истите и зголемената имунизациска прекриеност, значително ја намалиле циркулацијата на вирусот кај учениците, во споредба со претходниот период.

Вакви или слични мерки се вметнати и во Албанија. Согласно изјавите на надлежните, во Албанија професорите мора да се вакцинирани, но доколку не се, задожително ќе се тестираат еднаш неделно, со цел заштита на јавното здравје. А, освен за наставниот кадар, оваа мерка од 11. октомври ќе важи и за сите студенти.

Во Македонија, првиот човек на здравството, Венко Филипче, најави дека ќе се прават брзи тестови за учениците во училиштата, со цел да се направи еден голем скрининг за да се провери епидемиолошката состојба и дали има трансмисија на вирусот кај децата.

Резултатите, како што вели министерот ќе придонесат за да се дознае дали има асимптоматски случаи во училиштата.

Скринингот, како што навести Филипче, ќе почне да се спроведува на учениците во основните и средните училишта во државата, за што методологијата ќе биде детално презентирана. Скринигот на учениците, како што кажа тој, се должи на фактот дека тука има одредена, многу мала трансмисија, меѓутоа.

Прво, учениците ќе мора да имаат согласност од родителите, а потоа да се спроведе целата постапка.

Останува да видиме во текот на наредниот период, какви резултати ќе покаже скринингот од училиштата во Македонија и дали брзите тестови помагаат во намалување на трансмисијата на вирусот меѓу децата.

27.09.2021 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега