Анализа на зачувани примероци од крв покажува дека коронавирусот во Италија бил присутен пред првиот официјален случај

Секој десетти крводарител во Милано развил антитела на ковид-19 пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крајот на февруари.

Анализата на здравствените власти потврдува дека вирусот во Италија циркулирал и пред првиот официјалне случај кој беше потврден на 21 февруари.

Анализата, споведена на 800 крводарители покажува дека на почетокот на епидемијата 4,6 отсто од дарителите на крв имале антитела. Тој процент, пак, пораснал на 7,1 отсто во април.

Италија е со повеќе од 32.000 починати како последица од вирусот ковид-19 од почетокот на кризата е трета во светот по бројот на жртвите после САД и Велика Британија. Вирусот ковид -19 предизвика во Италија најдолга блокада во Европа од која после повеќе од два месеца таа земја постепено излегува, соочувајќи се со најтешки економски последици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега