Ана Кокиќ нема намера да ја изјави бурмата- се разведоа по 10 години брак, а сега откри зошто не го трга прстенот

Српската пејачка Ана Кокиќ и ватерполистот Никола Раџен дефинитивно му ставија крај на бракот и тоа на Божиќ преку заедничко соопштение до јавноста.

По огласувањето пејачката наместо да се изолира далеку од очите на јавноста, таа сподели фотографија на својот Инстаграм профил каде јасно се гледаше нејзината бурма.

Откако се крена лавина коментари за спорната бурма која се уште ја носи пејачката се огласи извор близок до парот.

-Двајцата пред да ги потпишат документите за развод секојдневно се слушаа, тој се интересираше како се ќерките Нина и Теа, а сега имаат и нов член кучето Теди. Шпекулациите за нивниот брак воопшто не влијае на парот, а децата знаат што е вистинската причина за нивните мајка и татко и нема потреба да се мешаат во секојдневните текстови на новинарите, вели близок извор за српски „Ало“.

Во врска со бурмата, тој додава дека тоа е симбол на нивната љубов и Ана нема намера да ја извади од рака.

Фановите по оваа нејзина одлука сепак со поделено мислење, некои се загрижени дека таа се уште го сака и не може да го заборави, додека другите сметаат дека не треба да носи ништо поврзано со него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега