Амзоски: На Боки 13 не му плативме 261.853 евра

Адријан Амзоски и фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга демантира дека на Бојан Јовановски – Боки 13 му платил 261.853 евра за да специјалната обвинителка Катица Јанева му го повлече обвинението, соопшти Амзоски.

– Најостро ги отфрламе шпекулациите дека Адријан Амзоски му платил 261.853 евра на Боки 13 за К.јанева да му го повлече обвинението. Овие шпекулации се појавија во медиумите, по барање за изземање на Катица Јанева, поднесено од поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, во кривичната постапка каде тој е еден од обвинетите за незаконско рушење на објектот Космос, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека фирмата „Дрим Билдинг“ која е во сопственост На татакото на Адријан, Селадин Амзоски и на Ресул Лога, склучила договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на 28.12.2017 г.

 

– „Дрим билдинг“ ги исполни во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна  Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија да ги вратат парите кои им беа платени, Дрим Билдинг поднесе тужба пред Основниот суд Скопје. Ги повикуваме Тони Трајковски и одредени медиуми и партии да не шпекулираат со овој немил настан, во спротивно ќе тужиме, стои во соопштението

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега