АМСМ: Утрово за влез и излез од Македонија се чека и до 30 минути

 

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ потсетуваат дека во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, според Автомото сојузот,  е зголемен. На граничниот премин „Богородица“, за излез од државата се чека околу 15 - 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.

 

 

 

12.08.2018 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега