Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми пречки и по суви коловози.

Според информациите од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што е можна појава на одрони.

Exit mobile version