Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, но по претежно суви коловози. Сепак, АМСМ апелира на внимателно управување со возилата и приспособена брзина, особено на патиштата низ котлините и клисурите каде постои можност од појава на одрони.

Критични делници на кои треба да се обрне посебно внимание се:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

Потсетување за возачите: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Exit mobile version