АМСМ предупредува: Прекин на сообраќајот за товарни возила во близина на браната Калиманци

Поради одрон на патниот правец Штип – Делчево, во близина на браната Калиманци, кај м.в. Драки сообраќајот е во прекин за товарни возила, соопштија од Автомотосојузот на Македонија.

Поради одрон во прекин е и сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен.

За лесните возила сообраќајот се одвива по направена девијација, додека тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат на регионалниот патен правец Кочани – Бигла – Делчево.

Екипите на Ј.П.Македонија пат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот на овој патен правец.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега