Американскиот обвинител бесен: Имаше сериозни пропусти во затворот во кој се самоуби милијардерот педофил

Американскиот главен обвинител Вилијам Бар изјавил денеска дека постојат „сериозни неправилности“ во сојузниот затвор во Њујорк во кој во саботата мртов беше пронајден милијардерот Џфри Епстајн, кој беше обвинет за сексуално злоупотребување и заведување малолетнички.

Бар рекол дека бил „запрепастен и сикрено бесен“ кога слушнал за пропустите во обезбедувањето на затвореникот.

„Сега слушам за сериозните неправилности во таа установа кои се многу загрижувачки и бараат детална истрага“, рекол Бар на конференција за новинари.

Тој рекол дека ќе продолжи истрагата за евентуалните соучесници на Епстајн. Обдукцијата на телото на Епстајн е завршена, но деталите уште не се објавени. Епстајн бил во затвор откако бил уапсен на 6. јули. Тој се изјаснил дека не е виновен за обвиненијата.

Неколку медиуми навеле дека Епстајн бил само во ќелијата иако во неа треба секогаш да има два затвореници и дека не бил посетуван на секои 30 минути. Милијардерот бил пронајден повреден на 23. јуни после првиот обид за самоубиство, но не бил под зголемен надзор.

Во обвинението со кое се товари Епстајн наведено е дека намамил десетина малолетнички во својата луксузна куќа и им плаќал за сексуални услуги.

Кон средината на јули судот одлучил тие да останат во притвор до крајот на судењето.

Судијата го одбил барањето на Епстајн да биде во домашен притвор во својата вила во Њујорк, чија вредност се проценува на 77 милиони долари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега