Американски сенатори: Саудискиот принц го нареди убиството на новинарот

Двајца американски сенатори изјавија дека „нема сомнеж“ дека саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако добиле информациии на состанок зад затворени врати за заклучоците на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Таквиот став е спротивен на на тврдењето на Трамп, кој неодамна изјави дека ЦИА „сигурно не нашла апсолутно ништо“ за поврзаноста на Мухамед бин Салман со убиството на Кашоги.

– Нема никаков сомнеж дека принцот престолонаследник Мухамед бин Салман го нареди убиството и оти беше известен за текот на настаните, изјави Боб Коркер по синоќешниот состанок со директорката на ЦИА, Џина Хаспел.

Линдси Грејем, сојузник на Трамп во Сенатот истакна дека саудискиот принц бил соучесник во убиството на Кашоги на највисоко можно ниво.

Крокер, претседател на Одборот за надворешна политика изјави дека на состанокот, што траеше околу еден час, не ја слушнал аудио снимката од убиството на Кашоги на 2 октомври во Генерланиот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Неколку републикански и демократски сенатори учествуваа на состанокот со Хаспел. На средбата беа и претставници на различни одбори поврзани со безбедноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега